МАТЕРКА, ЕМОВА

МАТЕРКА, ЕМОВА (Тхѕмус оехмианус Ронн. & Соска) – локален македонски ендемореликт од фам. Ламиацеае (устоцветни растенија), познат само за неколку локалитети во клисурата на реката Треска: Капина, Оча, село Здуње, Самоков – Мала Река. Именуван е по презимето на академик Ханс Ем, кој првпат го открил на локалитетот Капина (12. Ⅷ 1936). Се наоѓа на светската црвена листа на загрозени растенија во својство на исчезнат вид (ИУЦН 1997 Ред Лист оф Тхреатенед Плантс). Вл. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *