МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА

МАТИЦА НА ИСЕЛЕНИЦИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА (17. Ⅴ 1951)
– формирана на Основачкото собрание одржано во Скопје за да развива блиски врски со македонските иселеници во странство, да ги запознава со животот во татковината, да ја запознава домашната јавност со работата и животот на македонското иселеништво. Органи на Матицата: Собрание, Извршен одбор и претседател. Актуелен претседател: Иван Петрески-Џо. Гласило – месечно списание „Македонија“, со статии на македонски и на англиски јазик.
ЛИТ.: Иван Катарџиев, Македонија и Македонците во светот, Скопје, 1996. Д. Јов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *