МАТКОВСКИ, Александар

МАТКОВСКИ, Александар (Крушево, 30. Ⅴ 1922 – Скопје, 14. Ⅳ 1992) – историчар-ориенталист, член на МАНУ. Подолго време живеел во Гостивар (до 1936), а потоа во Скопје. Како член на КПЈ и учесник во НОБ (од 1941), бил уапсен (2. Ⅵ 1942) и како малолетник осуден на 10 години строг затвор, а казната ја издржувал во Скопје, Варна и во затворот Идризово (Скопско, до 29. Ⅶ 1944). По бегството од затворот се вклучил во Петтата македонска НО бригада на НОВ и ПОМ. Во затворските денови напишал голем број песни на македонски јазик, зачувани во Архивот на МАНУ, дел од нив и објавени по Ослободувањето. Ја завршил Учителската школа во Скопје (1947), дипломирал на Педагошката школа во Белград и на Филозофскиот факултет (Група историја) во Скопје (1951), докторирал на Филозофскиот факултет во Загреб со темата „Ѓурчин Кокалески (1775–1863)“ (1957), а дипломирал и на Филолошкиот

риби и за туризам и рекреација.

Темелите на средновековната црква „Св. Недела“, Марков Град, Матка (Скопско)
факултет во Белград – група за ориентална филологија (1961). Додека се школувал, бил вработен како учител и професор во разни осумгодишни и средни училишта (до крајот на 1954), а потоа ја почнал научната кариера (1. И 1954) и ја заокружил со изборот за научен советник во ИНИ (19. Ⅱ 1971 – до пензионирањето во 1987) и за дописен (1986) и редовен член на МАНУ (7. Ⅴ 1991). Повеќе години бил на студиски престои во Каиро, Багдад и Истанбул. Покрај со османлискиот период, се занимавал и со други теми од македонското минато, како и со историјата на Евреите во Македонија.
БИБЛ.: Ѓурчин Кокалески 1775–1863. Прилог кон прашањето за создавање на селска, сточарско-трговска буржоазија во Македонија, Скопје, 1959; Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија (1620–1650), И, Скопје, 1961; Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија (1650-1700), Ⅱ, ИНИ, Скопје, 1961; Трагедијата на Евреите во Македонија, Скопје, 1962; Хроника на земјотресот во Скопје (26 јули 1963), Скопје, 1964; Грбовите во Македонија, Прилог кон македонската хералдика, Скопје, 1970 и 1990; Диетот – крвнината во Македонија и на Балканскиот Полуостров за време на турското владеење, Скопје, 1973; Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија (1700–1725), Ⅲ, Скопје, 1973; Крепосништвото во Македонија во времето на турското владеење, Скопје, 1978; Историја на Крушево и Крушевско, Крушево, 1978 (со коавтори); Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија (1725–1775), Ⅳ, Скопје, 1979; Турски извори за ајдутството и арамиството во Македонија (1775– 1810), В, Скопје, 1980; Хисторѕ оф тхе Јењс ин Мацедониан, Скопје, 1982; Историја на Евреите во Македнија, Скопје, 1983; Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, И. Пасивниот отпор, Скопје, 1983; Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅱ. Духовниот отпор, Скопје, 1983; Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅲ. Ајдутството, Скопје, 1983; Отпорот во Македонија во времето на турското владеење, Ⅳ. Буни и востанија, Скопје, 1983; Македонскиот полк во Украина, Скопје, 1985; Кануни и фермани во Македонија, Скопје, 1990; Карпошовото востание во 1689 година, Скопје, 1990; Македонија во делата на странските патописци 1371–1777, Скопје, 1991; Македонија во делата на странските патописци 1778–1826, Скопје, 1991; Македонија во делата на странските патописци 1827– 1849, Скопје, 1991; Македонија во делата на странските патописци 1850–1864, Скопје, 1991;
Балканот во делата на странските патописци во времето на турското владеење (јаничари, хареми, робови), том И (1402–1657) и том Ⅱ (1664– 1779), Скопје, 1992; Македонија во делата на странските патописци 1827–1849, Скопје, 1992; Ма
кедонија во делата на странските патописци 1850–1864, Скопје, 1992.
ЛИТ.: Д-р Блаже Ристовски, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, Ⅱ, Скопје, 1980, 207–251; 50 години Институт за национална историја 19481998, Скопје, 1998, 199–205; Александар Матковски 1922–1992. Споменица, МА
НУ, Скопје, 1992. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *