МАЧЕВ, Исмаил

МАЧЕВ, Исмаил (Скопје, 03. И 1960) – атлетичар. Бил член на АК „Работнички“ во Скопје (1978–1983) и АК „Црвена Звезда“ во Белград (1983–1995). Бил повеќекратен македонски и југословенски првак и рекордер во атлетика и репрезентативец на Југославија (1982–1992). На Медитеранските игри во Латакија (Сирија, 1987) на 400 м освоил сребрен медал, како и на Универзијадата во Загреб (1978). На Балканските игри во Букурешт (1982) освоил златен, а во Стара Загора (Бугарија, 1983) сребрен медал. Постигнал врвни резултати и на други меѓународни натпревари. Д. С.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *