МАЈСКИ, Никола Киров

МАЈСКИ, Никола Киров (Крушево, 28. Ⅵ 1880 – Софија, 2. Ⅷ 1962) – македонски културнонационален и просветен деец, историограф, револуционер, општественик, книжевник – драм-ски автор, поет, раскажувач, мемоарист и хроничар на Крушево.

Никола
Киров Мајски

Основно училиште завршува во родниот град, а гимназијалното го започнува во Битола, но како член на ученичката група „Удостоените“ учествува во ученичкиот бунт (1898/99), поради што е исклучен од гимназијата и образованието го продолжува во Солун, кога и се вклучува во МРО. Станува учител во леринското с. Баница (1902/03 и 1905/06). Учествува во Илинденското востание како секретар на штабот на крушевските востаници. По амнестијата се враќа како учител во с. Баница, потоа се обидува да студира право во Софија и учителува во Ихтиман (Бугарија). Назначен е за директор на училиштата во Дебар и во Ресен и за училиштен инспектор во Охридско (1910–1913). По војните емигрира во Бугарија и се оддава на организационо-политичка и книжевно-публицистичка дејност. Како еден од организаторите на Македонската федеративна организација станува и еден од редакторите и соработниците на нејзиниот орган „Автономна Македония“ и во „федералистички“ дух ја објавува како сопствено издание драмата на македонски јазик „ИлинденÏ“ (1923), во која го составува и тн. „Крушевски
манифест“. Пишува стихови на
Факсимил од Мајскиот манифест (Виена, мај 1924)
македонски и на бугарски јазик и предлага за печат стихозбирка што е пречекана, како и драмата, со сериозни закани од Александровата ВМРО. Во ерата на македонските „братоубиства“, осуден за ликвидација, ја напушта Софија и се повлекува на служба во Видин, објавувајќи свои литературно-мемоарски и историографски прилози. По Втората светска војна се настанува во Софија. Одушевен од создавањето македонска држава, неколкупати ја посетува Македонија и пишува драмолетки на македонски јазик што и ги изведува на сцената на Крушевското братство во Софија. Починува токму на Илинден, на којшто му го посвети целиот живот и целото свое литературно-публицистичко творештво. Необјавени му останаа ракописите: 13 драмолетки („Сценки“), уште два тома од расказите и скиците „Светлосенки“, романизираната хроника „Епопеята на Крушово“, стихозбирката „За Македония“, мемоарските записи „Леринско в моите спомени и преживелици през учебната 1902/3 и 1905/6 година“, „Ⅴ строя за Македония“, „Страници из моя живот“ и др.
БИБЛ.: ИлинденÏ. Драма вÍ петÏ д‹Ÿствия. Картини отÍ великото македонско вÍзстание пр‹зÍ 1903 год., София, 1923; Крушово и борбит‹ му за свобода, София, 1935; Св‹тлос‹нки, ВидинÍ, 1942; Страници од мојот живот. Избор и предговор Томислав Тодоровски, Скопје, 1994. ЛИТ.: Блаже Ристовски, Драмските текстови на Никола Киров Мајски, зб.: Пет-ти Рацинови средби, Титов Велес, 1968, 5061; истиот, Поетот Никола Киров Мај-ски (1880–1962), „Современост“, ⅩⅩⅢ, 1-2, 1974, 92–112; истиот, Македонскиот стих 1900–1944. Истражувања и материјали, И, Скопје, 1980, 113–125; Благој Стоичовски, Никола Киров Мајски, Скопје, 1990.Бл. Р.

Борис Мајсторов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *