МАЈСТОРОВ, Борис

МАЈСТОРОВ, Борис (Велес, 17. ⅩⅠⅠ 1935 – Скопје, 17. И 2008) – радиоартист и режисер. Во 1957 г., на конкурсот за радиодрама на Радио Скопје, бил примен за редовен член, а до пензионирањето (1999) работел како интерпретатор и режисер-супервизор во Радиото. Реализира антологиски улоги во радиоемисиите за деца „Сто и една приказна“, при интерпретацијата на ликот на Чичко Аврам и при натсинхронизацијата на над 3 000 цртани филмови емитувани на програмите на Македонската радио-телевизија. Ј. Ф.

Маец

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *