МЕБЕЛ

МЕБЕЛ – составен дел на секој современ дом. Него го сочинуваат предмети изработени од дрво, од недрвни материјали или од нивни комбинации. Основната задача на предметите од мебелот е со димензиите, конструкцијата и формата да ги задоволат физичките, културните и општествените потреби на современиот човек. Мебелот се класифицира на следниве начини: според местото на користење (мебел за станови и мебел за јавни и општествени установи); според намената, односно функцијата што ја остварува (мебел за седење, лежење, работа и сместување на предмети); според конструкцијата, односно видот на составите од кои е изработен (плочест, рамовски, сандачест-корпусен и комбиниран мебел); според основниот материјал од кој е изработен (дрвен, плетен, метален, пластичен и комбиниран мебел); според начинот на компонирање, за да се добијат практични и економски решенија (единичен, во гарнитури, монтажен, адаптибилен и компонибилен мебел); и според технологијата на изработка (експериментален-прототипски, сериски и масовен мебел). Мебелот се класифицира и според начинот на површинската обработка, според начинот на поставување на носивите елементи, според применетата технологија итн. Б. Ил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *