МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ. Владата на РМ на
6. Ⅲ 1947 г. донесе Указ за формирање на Мед. ф. во Скопје. На 17. Ⅲ е одржана првата седница на Наставничкиот совет, составен од

Хируршките клиники на Медицинскиот факултет во Скопје
19 наставници избрани од Матичната комисија. За прв декан е избран проф. д-р С. Боздов, а за прв продекан проф. д-р М. Видаковиќ. Редовната настава на Мед. ф. во Скопје почнува на 3. Ⅺ 1947 со пристапното предавање по анатомија на доц. д-р Зденко Крижан. Првите две години наставата се одвивала во бараките на Хигиенскиот завод и на Средното медицинско училиште, а во 1949 г. е изградена главната институтска зграда. Посебна зграда за Институтот за судска медицина е изградена во 1955, за патофизиологија во 1964, а за Институтот за епидемиологија во 1984 г. Со Уредбата на Владата на РМ од септември 1947 г. бившата Земска болница во Скопје се трансформира во Клиники на Мед. ф. Во 1950 г. зградата на бившиот Уред е доделена на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Клиниката за детски болести. Во 1952 г. е изградена поликлиничката зграда во која се сместуваат, покрај неколкуте поликлиники, и Клиниката за детски болести и Клиниката за кожни и венерични болес-ти, а во следната 1953 г. започнува изградбата на новиот Клинички блок, со чие завршување (1956) е добиен двојно поголем клинички простор. Во текот на следните неколку години (1957–1963) е доградена старата зграда за детски болести и во неа е сместена Клиниката за гинекологија и акушерство. Потоа се изградени Институтот за трансфузиологија, Институтот за радиологија и Институтот за радиотерапија. Во 1978 г. почнува изградбата на 3 нови згради (Инфективна клиника, Детска клиника и Кардиолошка клиника) завршени во 1986 г. Во
1982 г. почнува доградбата на Хируршките клиники што трае сè до 1990. Во 2004 г. почнува изградбата на новата Гинеколошко-акушерска клиника и кадровската состојба на Мед. ф. постигнува огромен напредок. Од 40 лекари во 1947 г., денес на Мед. ф. работат повеќе од 1000 вработени лекари, наставници и соработници, специјалисти и супспецијалисти во разни медицински дисциплини.
Во 1972, по иницијатива на Катедрата за радиологија, е формирана Виша школа за радиолошки техничари, а почнува да работи во 1972/73 г. Под ова име школата работи (со прекин во 80-тите години) до 2003/04. Потоа, во согласност со ЕКТС, се воведуваат студиски програми за високо образование на стручни медицински сестри и стручни медицински техничари. Наставата е организирана во модули (посебно за секоја профилирана насока), во 6 семестри. Постојат 9 модули (меѓу кои се и радиолошките технолози, а до 2003 г. радиолошки техничари). Програмата во 2006 г. е ревидирана во согласност со Прописите на Болоњската декларија. Бр. Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *