МЕЛЕАГАР

МЕЛЕАГАР (Ⅳ в.) – македонски благородник, хетајрос и војсководец на Александар Ⅲ. Учествувал во војните на Александар со Трибалите (335) и во походот на Исток (334–323). Им бил верен на кралот Александар и на династијата. По смртта на Александар, бил убиен од приврзаниците на Пердика.
ЛИТ.: Ф. Папазоглу, Историја на хеленистичкиот период (336–275 г.пр.н.е.), Скопје, 1995. К. Аџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *