МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ

МЕНЕЛАЈ ПЕЛАГОНЕЦОТ
(првата половина и средината на Ⅳ век пред н.е.) – линкестидски великодостојник, можеби син на линкестидскиот басилевс Арабај
Ⅲ. Во изворите нема потврда дека бил владетел на Линкестида. Во периодот кога атинските стратези дејствувале против македонскиот крал Пердика Ⅲ, тој ја помагал Атина во Амфипол (ок. 350 пр.н.е.). Подоцна станал граѓанин на Атина и се спомнува во доцните 360-ти години пр.н.е. на еден натпис на споменик што му го подигнале Атињаните.
ЛИТ.: Е. Петрова, Пајонија, Скопје, 1999; В. Лилчиќ – Н. шелдаров, Кралевите на античка Македонија, Скопје, 1994. К. М.-Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *