МЕСЕСНЕЛ, Франце

МЕСЕСНЕЛ, Франце (Цервигнано, Словенија, 25. Ⅺ 1894 – Турјак, 4. Ⅴ 1945) – словенечки историчар на уметноста, ликовен критичар и унив. професор. Гимназија завршил во Љубљана, потоа студирал историја на уметноста во Виена и во Загреб и докторирал на Карловиот универзитет во Прага. Како кустос на Археолошкиот музеј во Скопје (од 1928), бил избран за доцент (1933) и вонреден професор (1938) на Филозофскиот факултет во Скопје. При престојот во Македонија, како ликовен критичар соработувал во скопското списание за наука и книжевност „Јужни преглед“ (1927), ги раководел археолошките ископувања во Суводол, Битолско (1931–1932) и учествувал во археолошките ископувања во Стоби. Откако се вратил на работа во Љубљана (1938), бил активен учесник во Ослободилната фронта (од 1941), а непосредно пред ослободувањето на Љубљана, бил уапсен од квислиншката домобранска полиција и потоа стрелан од белогардистите. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *