МЕХМЕД Ⅴ Решат

МЕХМЕД Ⅴ Решат (1844-1918) – триесет и петти султан (27. Ⅺ 1909
– 3. Ⅶ 1918). Син на султанот Абдул Азис, брат на султанот Мурат В, а го наследил протераниот султан Абдул Хамид Ⅱ. Престојувал во Битола и во други места во Македонија. Во негово време бил обновен Парламентот. Како султан изгубил три војни: Италијанскотурската, Првата балканска и Првата светска војна, кога државата ја управувале младотурците. Го наследил брат му Мехмед Ⅵ.
ЛИТ.: Туркиѕе Тарихи, Истамбул, 1967. Ал. Тр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *