МЕШКОВСКА, Наташа

МЕШКОВСКА, Наташа (Скопје,
05. Ⅱ 1972) – унив. професор, пливачка. Завршила Факултет за физичка култура во Скопје (1993), на кој магистрирала (2000) и докторирала (2002). Била член на АПК
„Студент“ во Скопје (од 1981). Најуспешна македонска пливачка на куси патеки. На републичките првенства освоила 55 први места и поставила 31 рекорд. Била неколкукратна првенка на Југославија, рекордерка и државна репрезентативка (1986–1991). Таа е носител на два сребрени и еден бронзен медал од балканските првенства и три од Светскиот куп. Успешно настапувала и на други меѓународни натпревари. Била избрана за најдобар спортист на Македонија (1992). Д. С.

Димче
Мешковски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *