МЕШКОВСКИ, Димче

МЕШКОВСКИ, Димче (Скопје,
31. Ⅹ 1945) – актер. Член на Драмскиот театар во Скопје (1967– 2001). Учествува во радиото и во ТВ емисии. Особено ги негува хуморот и сатирата. Улоги: Педаче („Гртко“); Дофило („Две врчви вода“); Преостанат бег („Свадба“); Феројан („Болва в уво“); Тасе свирачо („Јане Задрогаз“); Баш Челик во истоименото дело; Секула („Солунски патрдии“); Јеротие („Сомнително лице“); Тасе („Викенд на мртовци“); Мереја („Калигула“); Марко („Собирен центар“); Илија Чвор („Балкански шпион“). Р. Ст.
МЗТ „ХЕПОС“ А.Д. – Скопје –
специјализиран производител на системи за сопирање на шински возила. Основан е во 1953 г.. Организациски МЗТ „ХЕПОС“ претставува заокружена технолошка целина. Во производствената програма значително место заземаат уредите што се произведуваат според лиценци на фирмите:
„Ерликон“, „САБ“ и „штабег“. Од 1982 г. во развојните одделенија и истражувачките лаборатории е развиена нова генерација на софистицирани пневматски и механички уреди со висок квалитет (ИСО 9001-2000), а во 2003 г. од страна на УИЦ (Меѓународна унија на железници) е верификуван брендот МХ (МЗТ „ХЕПОС“) како оригинален систем за сопирање што е во употреба во меѓународниот железнички транспорт. По преземањето од страна на „Поли Спа“ – Италија, двете фирми со заеднички настап на светскиот пазар заземаат значајно учество во пласманот на комплексни сопирачки системи за електромоторни и дизелмоторни возови, локомотиви за патнички и товарни вагони и метро возила. Сл. А.
МИА – Македонска информативна агенција формирана со Одлука на

Собранието на РМ, регистрирана
Панорама на селото Мешеишта, Струшко
како акционерско друштво. Првата вест овој јавен информативен серис ја испратил на 30 септември 1998 г. Емитува вести и информации 24 часа на македонски, англиски и на албански јазик, продуцира фото и фоно-сервис достапни преку веб страницата на агенцијата. Основач и прв директор Зоран Иванов. Членка на АБНА, Асоцијација на новинските агенции на земјите од Југоисточна Европа. Б. П. Ѓ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *