МЕШКОВ, Стефан К

МЕШКОВ, Стефан К. (Охрид, 1884 – с. Ѓуѓанци, Кратовско, 9. Ⅶ 1904) – учесник во Илинденското востание, ресенски војвода. Со чета од с. Евла, Преспанско, учествувал во нападот на кулите во с. Петрино, Ресенско. По востанието се засолнил во Бугарија. Во текот на јули 1904 г. влегол во четата на војводата Славејко Арсов. Загинал во борба со аскерот кај месноста Лингура, Кратовско.
ИЗВ. и ЛИТ.: Освободителното движение вÍ Македони® и Одринско – Спомени и материали, т. 1, Софи®, 1983, ЏЏЏ; Х. Сил®нов, Освободителните борби на Македони®, И, Софи®, 1983. Ал. Тр.

Наташа Мешковска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *