МЕЃУНАРОДЕН ЕВРЕЈСКИ СОЈУЗ

МЕЃУНАРОДЕН ЕВРЕЈСКИ СОЈУЗ (АЛЛИАНЦЕ ИСРАЕЛИТЕ УНИВЕРСЕЛЛЕ) – меѓународна еврејска образовна организација. Отворила училиште во Скопје (1905). Наставен јазик бил францускиот, покрај хебрејскиот и турскиот јазик. Се изучувале еврејска и општа историја, бил толкуван Танахот, а девојчињата посетувале везење и шиење. Училиштето (по 1913) го посетувале 320 ученици и 172 ученички, како прва генерација што учела српски јазик и кирилично писмо. Сојузот отворил училиште и во Штип (1910) со 87 ученици. Првата светска војна ја прекинала дејноста на МЕС. Со својата дејност ја искоренил неписменоста меѓу Евреите во Македонија, особено кај женските деца.
ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839-1943, Нењ Ѕорк, 2003. Ј. Нам.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *