МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА РМ

МЕЃУНАРОДНИ ВОЕНИ ОПЕРАЦИИ ВО КОИ УЧЕСТВУВА РМ – воени операции на држава, група држави, меѓународни организации, здружени коалиции или ентитети во кои учествуваат припадници на вооружените сили на РМ. Во периодот од 2001 до 2007 г., припадници на вооружените сили на РМ, врз основа на Меморандумот за разбирање, склучен помеѓу Владата на РМ и Меѓународните сили за безбедносна поддршка, учествуваат во три меѓународни мировни операции: во Авганистан (во согласност со Резолуцијата 1386 на Советот за безбедност на ОН од 20. ⅩⅠⅠ 2001) во ИСАФ 2, 3, 5, 6, 7, 8, 9, 10 (2002– 2007); во „Слобода за Ирак“, по барање од Владата на САД (4. Ⅳ 2003) и во согласност со СОФА

координирано да дејствуваат на

Претседателот на РМ Б. Црвенковски во посета на македонските војници во Кабул, Авганистан (11. Ⅹ 2007)
воено-техничките договори со Кувајт и Катар, како поддршка во поствоената фаза, а врз основа на Одлуката на Собранието на РМ (22. Ⅳ 2003) од 1. Ⅵ 2003 г., со шестмесечно ротирање; во воената операција на ЕУ за кризен менаџмент – АЛТЕА во БиХ, врз основа на Одлуката на Собранието на РМ (3. Ⅶ 2006), од 14. Ⅶ 2006 г.
ИЗВ.: Министерство за одбрана на РМ, Скопје, 2007. Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *