МИЗОВА, Софија Хаџиева

МИЗОВА, Софија Хаџиева (Охрид, 2. Ⅵ 1940) – архитект. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Белград (1964). Се занимава со архитектонско и урбанистичко проектирање (со својата сестра Маргарита). Реализирани објекти: Градскиот угостителски центар „Летница“ во Охрид (1971); хотелот „Белви“ во Охрид (1988). Се занимава и со урбанистичко проектирање. Урбанистичко-архитектонско решение на центарот на Крушево (1978); АУП на центарот во Гевгелија. Кр. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *