МИЗРАХИ, Трајанка

МИЗРАХИ, Трајанка (с. Праведник, Кавадаречко, 24. Ⅴ 1921 – 24. И 1991) – учесник во НОБ. Како припадничка на македонското младинско движење, станала член на КПЈ (1941). Била борец во Тиквешкиот НОПО „Добри Даскалов“ (од 7. Ⅴ 1943) и заменик политички комесар на Првиот баталјон на Деветтата македонска НОУ бригада. По Ослободувањето извршувала државни и општествени функции. Носител е на Партизанска споменица 1941.
ЛИТ.: Жените од Македонија во НОБ 1941–1945, Скопје, 1976. Вл. Ив.

Александра
Мијалкова-
Георгиевска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *