МИКРОФЛОРА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА

МИКРОФЛОРА НА ПРИРОДНИТЕ ЕЗЕРА ВО МАКЕДОНИЈА. Постојат два типа природни езера во Македонија. Првиот тип се тектонските езера со голема геолошка старост (околу 3 милиони години), Охидското, Преспанското и Дојранското Езеро, додека вториот тип се геолошки младите глацијални езера настанати со топење на ледниците, застапени во високопланинскиот регион (планините шар Планина, Јабланица, Пелистер, Мокра). Од дијатомолошки аспект, овие екосистеми се веројатно најистражуваните екосистеми во Македонија. Геолошки старите езера во Македонија меѓусебно се многу различни од флористички и од еколошки аспект. Охридското и Преспанското Езеро се карактеризираат со релативно висок степен на ендемичност (17% од вкупниот број на видови дијатомеи), при што Преспа претставува мезотрофно езеро под посилен антропоген притисок, по што и се разликува од Охридското како олиготрофно езеро. Планктонските заедници на овие езера се со мал диверзитет на форми (присутни се само неколку видови, како што се Цѕцлотелла фоттии, Ц. оцеллата, Динобрѕон баварицум, Д. стипитатум, Мицроцѕстис спп, Анабаена спп.
Дојранското Езеро е комплетно различно, пред с“ поради различната еколошка состојба и во него се развиваат видови толерантни кон висока трофичност, особено планктонските модрозелени алги (воден цвет од Мицорцѕтис елабенс,
М. аеругиноса, Апханисоменон глосаљуае, Глеотрицхиа натанс), додека бентичните заедници се доминирани од дијатомејските родови Нитзсхиа, Навицула, Трѕблионелла и Тхалассиосира. Глацијалните езера се карактеризираат со присуство на алпски, ултраолиготрофни, ацидофилни таксони од групите Бацилариопхѕта и Цхлоропхѕта. Св. К.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *