МИЛАДИНОВ, Ангел

МИЛАДИНОВ, Ангел (Куманово, 27. Ⅴ 1928 – Загреб, 4. И 1984) – телевизиски режисер и уредник. Гимназија завршил во Скопје, а Филозофски факултет во Загреб. По студиите му се посветува на телевизиското творештво, како еден од пионерите на Загрепската телевизија, кој уште од првите режии инаугурира своевиден стил што ја втемелува телевизиската естетика, но и етика. Остварил серија емисии посветени на филмот: Екран на екранот (во траење од 10 години), Во четврток отворено (емисија од културата), Студио 13 (забавно-музичка емисија) и низа други. Соработувал и со другите југословенски ТВ студија, ме÷у кои и со ТВ Скопје. Автентичноста на неговото авторство останала ненадмината. Од мај 2005 г. новото телевизиско студио на ТВ Загреб го носи името на Ангел Миладинов. Б. Орт.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *