МИЛАДИНОВ, Драги

МИЛАДИНОВ, Драги (Скопје, 1. Ⅲ 1928) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (до пензионирањето во 1989) по предмети од областа на дрвените и масивните конструкции. Како стипендист на Фордовата фондација специјализирал во САД (1964/65), а се усовршувал на студиски престои и во Холандија (1969) и шведска (1979). Учествувал во реализацијата на повеќе објекти и бил многу активен на општествен план. Ги вршел функциите декан на Градежниот факултет (1975–77), проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и претседател на Универзитетскиот совет. Љ. Т.
Јордан
Миладинов

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *