МИЛЕСКИ-УРОШ, Мирко

МИЛЕСКИ-УРОШ, Мирко (с. Попоец, Кичевско, 23. Ⅳ 1923 – пл. Буковиќ, Кичевско, 1. Ⅹ 1943)
– народен херој. Бил член на КПЈ (1941). Како преведувач во карабињерската станица во с. Извор, доставувал доверливи информации за активностите на италијанската полиција (1941–1942). Подоцна се илегализирал (јули 1942) и станал борец во Кичевско-мавровскиот НОПО (1943). Загинал со целата чета во одбрана на слободната територија во Западна Македонија од германско-балистичките формации на превојот Стража (Буковиќ). Прогласен е за народен херој на Југославија (1953).
ИЗВ.: Кичево и Кичевско во НОВ 1941– 1945. Документи. Избор и редакција Васил Јотевски, д-р Симо Младеновски и
Ѓорѓи Чакарјаневски, Кичево, 1985. ЛИТ.: Народни хероји Југославије и народни херои од Македонија, Скопје, 1970. Вл. Ив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *