МИЛИНЗИ

МИЛИНЗИ – многубројно и воинствено словенско племе, населено на Пелопонез (Ⅶ в.), првин во Лаконија, а подоцна се повлекле кон планината Тајгет. Заедно со Езерците имало од 20 до 25 илјади луѓе, а населувале територија од ок. 750 км 2. Ја зачувале самостојноста до поч. на Ⅸ в., кога ја признале власта на Византија, плаќале данок и давале 1.000–
2.000 војници. Кревале востанија, но не успеале да ја вратат самостојноста. Им давале отпор на Латините, кога го освојувале Пелопонез (1248).
ЛИТ.: Т. Живковиђ, Јужни Словени под византијском влашђу (600–1025), Београд, 2002. К. Аџ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *