МИЛОВАНОВИЌ, Станислав

МИЛОВАНОВИЌ, Станислав (с. Добровиш, Власотинце, 8. Ⅱ 1943) –град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1990) по предметите од областа на теоријата на конструкциите. Завршил Градежен факултет во Скопје, а магистрирал во ИЗИИС (1981). Декан на Факултетот (1997– 1999). Одличен практичар, како проектант и консултант учествувал во реализацијата на многубројни архитектонски, индустриски и инженерски објекти, меѓу кои и на повеќе бетонски и насипни брани. Љ. Т.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *