МИЛОЕВИЌ, Боривое И

МИЛОЕВИЌ, Боривое И. (Царина, 22. ⅩⅠⅠ 1885 – Белград, 1967)
– српски географ. Универзитет завршил во Белград (1908), потоа бил на студии во Германија и во швајцарија. Најблизок соработник на Ј. Цвииќ и негов наследник на Катедрата за географија на Белградскиот универзитет, каде што предавал од 1920 до 1956 г. (од 1926 г. како редовен професор). Поради својата значајна научна работа бил избран за редовен член на САН, дописен член на Југословенската академија, почесен доктор на универзитетите во Монпелје, Рен, Гренобл и Прага, како и почесен член на повеќе географски друштва. Соработувал со повеќе наши и странски списанија. Напишал неколку стотици трудови од антропогеографијата, геоморфологијата и регионалната географија. Негови најважни и најобемни дела се од областа на регионалната географија.
БИБЛ.: Јужна Македонија, Насеља српских земаља, књ. Џ, Београд, 1921; Географске области у Македонији, Ⅱ конгрес на географите од ФНР Југославија, Скопје, 1952; Високе планине, Географско друштво, Београд, 1937; Главне долине у Југославији, посебна издања САН, 1951; Охридска котлина, ЈАЗУ, књ. 312, Заг
реб, 1966. Ал. Ст.

Олга Милосавлева

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *