МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко

МИЛОСАВЛЕВСКИ, Славко (с. Вратница, Тетовско, 28. И 1928) – социолог и унив. професор. Основно училиште завршил во с. Вратница, а гимназија во Скопје. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје (1957). Постдипломски студии завршил на Институтот за општествени науки во Белград (1960). Докторирал на Правниот факултет во Скопје (1965). Предавал социологија на Правниот факултет во Скопје

Славко Милосавлевски
(предавач 1961–1965; вонреден професор 1966–1971 и редовен професор 1972–1974). Бил член на Извршниот комитет на ЦК на СКЈ (1966–69) и секретар на Секретаријатот на ЦК на СКМ (1969 –1972). На оваа функција, во текот на „борбата со либерализмот и национализмот“, дава оставка на 36-тата седница на ЦК на СКМ (јануари 1973), а во јуни 1974 е исклучен од СКМ, по што му престанува работниот однос на Факултетот. Бил основач и прв претседател на Социјалдемократската партија на РМ (до септември 1991) и вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во СРЈ/СИЦГ (1996–2003).
БИБЛ.: Контрадикциите на Јосип Броз, Скопје, 1990; Социологија на македонска
та национална свест до 1992, Скопје 1997; Колишевски, Скопје, 1999; Македонски контроверзи 1990-2003, Скопје, 2004.
ИЗВ.: МНР на РМ, Скопје, 2007; Архива на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Скопје, 2007. Св. ш. и Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *