МИЛУТИН Стефан Урош Ⅱ

МИЛУТИН Стефан Урош Ⅱ (? – Неродимле, 1321) – српски крал (1282– 1321), син на Урош И. Ја издигнал Србија економски и поли-

Кралот Милутин Стефан Урош Ⅱ
тички и ги проширил нејзините граници. Во војната со Византија освоил делови од Северна Македонија (Скопје, Полог, Овче Поле, Пијанец, Злетово, Кичево, Порече, Дебар). Се оженил со малолетната византиска принцеза Симонида (1299). Градел и обновувал цркви и манастири. Од црквата бил прогласен за светител.
ЛИТ.: С. Станојевиђ, Краљ Милутин, ГНЧ (Годишњица Николе Чупиђа, ЏЛВИ (1937). К. Аџ. Ктитор на обновувањето на црквите „Св. Богородица Троерачица“ (Скопје), „Св. Никита“ (с. Бањани, Скопско) и „Св. Ѓорѓи“ (с. Старо Нагоричане, Кумановско). Во црквата во Старо Нагоричане, живописана од познатите средновековни зографи Михаил и Евтихиј (1317/18), е зачувана ктиторската композиција со ликовите на кралот Милутин, кој, облечен во свечен дивитисион, в раце го држи моделот на храмот, и младата кралица Симонида, облечена во свечена кралска одора. Патронот на црквата („Св. Ѓорѓи“) му подарува меч на ктиторот, кралот Милутин,
во знак на победата над Турците. ЛИТ.: Арх. Данило, Животи краљева и архиепископа српских, Београд, 1935; В. Ј. ™уриђ, Византијске фреске у Југославији, Београд, 1974; Б. Тодиђ, Старо Нагоричи
но, Београд, 1993; З. Расолкоска-Николовска, Ктиторскиот портрет во ѕидното сликарство во Македонија, Цивилизации на почвата на Македонија, 2, МАНУ,
Скопје, 1995. З. Р.-Н.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *