МИНЕВСКИ, Блаже

МИНЕВСКИ, Блаже (Гевгелија,
1. Ⅳ 1961) – новинар, раскажувач, романсиер и драмски писател. Дипломирал на Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работи како новинар. Во својата проза Миневски се стреми за опредметување на нефатливата реалност.
БИБЛ.: Солзи во очите на тате, раскази, Ск., 1984; Ниски вежби, раскази, Ск., 1988; Црниот пердув, роман, Ск., 1990; Ледно око, раскази, Ск., 1996; Требаше да се сликаме пред да се замразиме, роман, Ск., 1998;
Сезона за глуварките; Приказна за третиот, роман, Ск., 2003. Сите негови драми се објавени во книгата Бивши луѓе, Ск., 2000.
ЛИТ.: Раде Силјан Забранета одаја, Скопје, 2004. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *