МИНОВА-ЃУРКОВА, Лилјана

МИНОВА-ЃУРКОВА, Лилјана
(Прилеп, 9. Ⅷ 1939 – Скопје, 12. ⅩⅠⅠ 2008) – лингвист-македонист, професор (во пензија) на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Докторирала на Филолошкиот факултет во Скопје (1976) на тема: „Релативната реченица во македонскиот јазик во 19 и 20 век“. Работела како асистент во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ во Скопје (1963–1977). По докторирањето работела на Филолошкиот факултет, каде што ги поминала сите звања. Била учесник на голем број меѓународни и домашни конгреси, симпозиуми, собири, проекти и предавања (Москва, Чикаго, Сиракуза, Чапел Хил, Тирана, Хале, Братислава, Краков, Сосновјец, Воронеж и др.). Била главен и одговорен уредник на сп.
„Литературен збор“ и член на Редакцијата на сп. „Македонски јазик“. Била претседател на Советот за македонски јазик (1998–2002) и раководител на македонскиот дел од општословенскиот проект „Најнова историја на словенските јазици (1945– 1995)“, со центар во Ополе (Полска). Автор е на над 200 научни и стручни трудови
БИБЛ.: Македонски јазик за странци (морфолошко-синтаксички и лексичкостилистички вежби), Скопје, 1979; Македонски јазик за странци (второ, изменето издание), Скопје, 1981; Синтакса на македонскиот стандарден јазик, Скопје, 1994;
Македонски јазик за средното образование
(коавторство и редакција), Скопје, 1997;
Македонски јазик за странци (Курс за напреднати) трето, променето издание, Скопје, 1997; Сврзувачки средства во македонскиот јазик, Скопје, 1997; Македонски јазик (монографија), (коавторство и научна редакција), Ополе, 1998; Македонски јазик за средното образование (второ, дополнето издание), Скопје, 1998; Така се зборува во Охрид (коавторство и редакција), Скопје, 1999; Синтакса на македонскиот стандарден јазик (второ, изменето издание), Скопје, 2000; Македонски јазик за странци (Курс за напреднати) (со изменета концепција), Скопје, 2000; Така се зборува во Гостивар (редакција), Скопје, 2001; Македонски јазик и литература за прва година на реформираното гимназиско образование (коавторство и редакција), Скопје, 2002; Македонски јазик и литература за втора година на реформираното гимназиско образование (коавторство и редакција), Скопје, 2002; Стилистика на современиот македонски јазик, Скопје, 2003; Македонски јазик и литература за трета година на реформираното гимназиско образование (коавторство и редакција), Скопје, 2003; Граматика на македонскиот стандард-ен јазик за странци, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“& Скопје; Граммаире де ла лангуаге мацéдониенне поур éтрангерс, Скопје, 2006; Така
се зборува во Велес (редакција), Скопје, 2007; Граматика на македонскиот стандарден јазик за странци; Граммар оф Мацедониан лангуаге фор фореигх спеакерс, Скопје, 2007. Г. Цв.

Ана Миновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *