МИНОСКИ, Михајло

МИНОСКИ, Михајло (с. Долгаец, Прилепско, 18. Ⅹ 1938) – универзитетски професор (во пензија). Се школувал во Прилеп и во Скопје, завршил историја на Филозофскиот факултет во Скопје. Работел

Михајло
Миноски

како професор по историја, еден период во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Магистрирал на Филозофскиот факултет во Скопје (1975), докторирал во Белград (1981). Бил избран за наставник на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за историја (1986), каде што останал до пензионирањето како редовен професор. Бил ментор на магистранти и докторанти, шеф на Институтот за историја, раководител на постдипломските студии, раководител на научноистражувачки проекти, уредник на списанието „Историја“. Член е на Советот на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУ од неговото основање. Главен интерес на неговите научни истражувања е политиката на големите сили и на соседните балкански држави спрема Македонија во текот на ⅩⅠⅩ и ⅩⅩ в. и борбата на македонскиот народ за национално ослободување и независна држава. Учествувал и на научни собири во Македонија и во странство. Автор е на повеќе од 200 научни трудови: книги, статии и прилози
БИБЛ.: САД и Македонија, Скопје, 1994; Авнојска Југославија и македонското национално прашање 1943–1946, 2000; Македонија во меѓународните договори 1913– 1940 година, Скопје, 2006.
ИЗВ.: Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, 611/24.1.1994. Д. Јов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *