МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова

МИНЧЕВА-ШУКАРОВА, Билјана Николова (Скопје, 19. И 1948)
– редовен професор (1996) на ПМФ, Институт за хемија. Дипломирала физичка хемија на ПМФ во Белград, а тука и магистрирала (1974). Докторирала (1982) на Одделот за физика на Кинг’с Цоллеге во Лондон. Од 1972 г. е на работа на Институтот за хемија на ПМФ во Скопје. Изведувала додипломска и постдипломска настава по предмети од областа на физичката хемија. Научната работа $ е од областа на раманската и инфра-

Билјана Минчевашукарова
црвената спектроскопија, а предмет на изучување $ се разни полиморфни форми на мраз, потоа клатрати, глини, минерали и други цврсти супстанци. Во поново време е носител на примената на недеструктивни методи за испитување на состојки во музејски и археолошки објекти. Објавила над 60 научни трудови (во земјата и во странство), а на научни манифестации презентирала деведесетина пленарни и секциски предавања и соопштенија. Била раководител и член на истражувачки тимови на повеќе домашни и меѓународни научноистражувачки проекти. Повеќепати била на студиски престои во странство (најдолго во Велика Британија). Била раководител на Заводот за физичка хемија на Институтот за хемија при ПМФ во Скопје.
ЛИТ.: Природно-математички факултет

Скопје, 1946–1996, Скопје, 1996., 218; 60 години Природно-математички факултет


Скопје, Скопје, 2006, 239–240. Б. ш.

Димитар Миовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *