МИНЧЕВ, Кирил Методиев

МИНЧЕВ, Кирил Методиев (с. Ваташа, Кавадаречко, 22. Ⅶ 1922) – фтизиолог, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Мед. ф. го започнал во Софија, а го завршил во Белград (1950). На Институтот за белодробни заболувања во Скопје е од 1950 г. Специјализирал фтизиологија. Бил директор на Институтот и продекан на Мед. ф. Д. С.-Б.

Никола Минчев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *