МИОВСКИ, Димитар Коцев

МИОВСКИ, Димитар Коцев
(Скопје, 1. Ⅸ 1913 – Скопје, 25. Ⅴ 1982) – офталмолог, општественик, редовен проф. на Мед. ф. во Скопје. Дипломирал на Мед. ф. во Белград (1941). Специјализација по офталмологија завршил на Клиниката за очни болести во Скопје (1952), каде што бил поставен за директор (1960). Се занимавал со проблемот на кератопластиката (од 1949) и посетил повеќе познати офталмолошки центри во Европа што работеле на тоа. Богатото искуство го преточил во вредни публикации. Учесник е во НОБ и член на И заседание на АСНОМ. Вршел бројни општествени функции. Д. С.-Б.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *