МИОВСКИ, Мито

МИОВСКИ, Мито (Косинец, Костурско, 2. Ⅹ 1936) – редовен професор на Филолошкиот факултет ,,Блаже Конески“ (во пензија). Предаваше старословенски јазик и споредбена граматика на словенските јазици. Беше и шеф на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Неговите научни трудови се од палеославистиката, но и од поновата историја на македонскиот јазик. Ав-тор е на голем број статии објавени во домашни и странски списанија и зборници.
БИБЛ.: Лексиката во текстовите на Јоаким Крчовски, Скопје, 1980; Лексико
лошки аспекти на делото „За македонцките работи“, Скопје, 1988; Хлудов паримејник, Скопје, 1996. Е. Ц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *