МИРАСЧИЕВ, Димитар

МИРАСЧИЕВ, Димитар (Штип,
10. Ⅷ 1876 – Софија, 28. Ⅹ 1933)
– учител, учесник во Илинденското востание, војвода. Се школувал во Штип, во Солун (завршил средно образование, 1892) и на Софискиот универзитет (хемија). Бил учител во Крива Паланка, Куманово и во Штип. По Виничката афера (1897) бил осуден и спроведен на заточение во Мала Азија. По амнестијата (1902) бил избран за кривопаланечки војвода. Со чета учествувал во Илинденското востание во Скопскиот револуционерен округ. По востанието учествувал на конгресите на Организацијата. Бил главен редактор на в. „Конституционна заря“ (1908–1909) во Солун. Соработувал со Ј. Сандански и со К. Мисирков. По 1913 г. се повлекол од политичкиот живот.
ИЗВ. и ЛИТ.: В. Прилепчански и Т. Влахчев, Димитар Мирасчиев еден од првите социјалисти во Македонија, „Дело 74“, 1, Штип, 1980; Т. Влахчев, 110 години од раѓањето на Димитар Мите Мирасчиев (1876–1933), „Штипски весник“, бр. 157, Штип, 1986; В. Прилепчански, Димитар Мирасчиев – голем македонски учител, револуционер и социјалист, „Дело 74“, ⅩⅣ/3, Штип, 1987; А. Апостолов, Виничката афера, Кочани, 1997; В. Мирасчиев, Димитар Мирасчиев – Живот и дело,
Штип, 2006. Ал. Тр.

Димитар Миревски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *