МИРКУЛОВСКА, Бистрица

МИРКУЛОВСКА, Бистрица (Скопје, 14. Ⅲ 1930) – поет, раскажувач, писател за деца, преведувач од словенечки (Прешерн, Цанкар). Завршила Филозофски факултет на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје.
БИБЛ.: Цвеќенца, поезија за деца, Ск., 1960; Градинче, раскази за деца, Ск., 1962; Првачиња, поезија, Ск., 1972; Виножито, раскази, Ск., 1979; Ѕвездена, бајки, Ск., 1986; Клучарчиња, роман за деца и млади, Ск., 1992; Прекршен лет, поезија, Ск., 1996; Кога цутеа костени, поезија во превод на словачки, Брно 1997; Тополите на крајот
на дедовата ливада, проза, Ск., 2001; Навева снег, поезија, Ск., 2002. П. Гил.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *