МИРЧЕВ, Димитар

МИРЧЕВ, Димитар (Сливен, Бугарија, 31.Ⅲ 1942) – политолог и унив. професор. Дипломирал на Правниот факултет во Белград (1966). Магистрирал на Институтот за социолошко-правни истражувања во Скопје (1971). Докторирал на Правниот факултет во Љубљана (1977). На Институтот за социолошко-правни истражувања во Скопје се занимавал со научноистражувачка работа (1967 –1984). Бил професор по политички науки и политичка социологија на Филозофскиот факултет во Скопје (1977–1983; 1990–1993; 1999–2001) и политички науки и надворешна политика на РМ (ФОН, 2005– ); визитинг професор на универзитетите во Љубљана, Загреб, Сараево и во Њу Делхи; проректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1992–1993). Поради „либерални девијации“ во 1974 г. бил казнет со последна партиска опомена пред исклучување од СКМ. По негово барање, казната му е симната (1982). Бил основач на Младата демократска странка на Македонија (1990); основач на Македонскиот со-вет на Европското движење на Македонија (1993-); еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија (2000–2002); специјален пратеник на претседателот на РМ во процесот на меѓународно признавање на РМ (1991–1993); вонреден и ополномоштен амбасадор на РМ во РСЛ, акредитиран и во Ватикан (нерезидентен, 1993–1999); советник на Претседателор на РМ (од 2009). Напишал повеќе од 180 научни и стручни трудови.
БИБЛ: Изборниот процес во англосаксонските земји, Скопје 1971; Драмата на плурализацијата, Скопје 1991; Македонската над
ворешна политика 1991-2006, Скопје 2006. ИЗВ.: Архива на Факултетот за општествени науки, Скопје, 2007; Министерство за надворешни работи на РМ, Скопје, 2007. Св. ш. и Т. Петр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *