МИСИРКОВА-РУМЕНОВА, Ката

МИСИРКОВА-РУМЕНОВА, Ката (с. Постол, Ениџевардарско, Егејскиот дел на Македонија, 14. Ⅸ 1930) – поетеса, раскажувачка, романсиерка, авторка за деца и млади, драмска писателка, публицистка. Извонредно плодна авторка, со околу 120 библиографски единици и шеесетина радио драми за возрасни и за деца. Тематски нејзиното творештво е поврзано со судбината и трагедиите на луѓето од Егејскиот дел на Македонија, нивните делби и преселби, со приказната на откорнатикот низ епските димензии од времињата, настаните и личностите.
ДЕЛА: романи: Жешка земја, Ск., 1968; Добрите момчиња од земјата вардарска, Ск., 1969; Довик, Ск., 1983; Во смрт од љубов, Ск., 1990; Катарни години, Ск., 1992; Ѕидови од пајажина, Ск., 1993; Големите атови, 1997; Ск., Пранги, Ск., 2000; Длабокиот рез, Ск., 2002; Личен роман за личната земја, Ск., 2003; романи за деца: Детството на Мисирков, Ск., 1965; Милосија, Ск., 1982; Ѕидовите од Пела, Ск., 1991; Водоскоци, Ск., 1994; Авантурите на Ѓурѓа, Ск., 1997; поезија Скаменета солза, Ск., 1990; Плач пред ѕидот, Ск., 1996; Виорот на болката, Ск., 1999; раскази Песна за огновите, Ск., 1966; Неоджилени, Ск., 1988; Мајка Которичанка, Ск., 1988; Топлата прегратка на Гоцевата мајка, Битола,
1990. В. Тоц.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *