МИТЕВСКИ, Витомир Георгиев

МИТЕВСКИ, Витомир Георгиев
(Куманово, 14. Х 1951) – класичен филолог и филозоф, професор по
античка литература на Филозофскиот факултет во Скопје. Доктор по класична филологија. Одговорен уредник на сп. „Жива антика“. Избран за член на МАНУ (2009). Обработува теми од античката епика и посебно од хеленската филозофија (претсократовци, Платон, Аристотел). Основен философски став: античката култура и философија имаат клучно значење за разбирањето на човекот и неговата состојба во светот. Поимот нега на душата (кај Сократ и Платон) ја определува смислата на човековиот живот тргнувајќи од позицијата на субјектот како неповторлив феномен. Преведувач од класичните јазици, се залага за поголемо присуство на словенската филозофска (апстрактна) терминологија на македонски јазик.
БИБЛ.: Хомер и Прличев (1995); Хераклит, монографија (1997); Почетоци на западната философија. Претсократовци (1999, 2005); Нега на душата (2000); Античка епика. Хелада и Рим (2001); Платоновото учење за душата (2005). Преводи од старогрчки: Хесиод, Дела и дни (1996); Аристотел, Избор (1998); Античка
философија, антологија (2004), Платон, Тимај (2004). В. Т.

Иван Митевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *