МИТРЕВСКИ, Сокол Настев

МИТРЕВСКИ, Сокол Настев (с. Кучково, Скопско, 16. Ⅲ 1948) – генерал-потполковник на АРМ, градоначалник на Општината
„Ѓорче Петров“. Основно и средно училиште завршил во Скопје, Воена академија на ЈНА завршил во Белград и бил командир на вод и чета, а потоа командант на баталјон на ЈНА. Завршил Командноштабна академија и школа за народна одбрана. Во АРМ бил од 1992 г. како помошник началник на штаб за ОНР на бригада, началник на штаб на бригада, началник на разузнавачки центар, воено аташе, командант на корпус, командант на команда за обука во ГШ на АРМ и заменик на началникот на ГШ на АРМ за борбена готовност. В. Ст.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *