МИТРЕВ, Жан Костадинов

МИТРЕВ, Жан Костадинов
(Штип, 11. Ⅵ 1961) – кардиохирург. Дипломирал на Мед. ф. во Скопје (1985). Како лекар по општа практика работел во Штип до 1988. Од 1988–90 во Загреб специјализира и завршува постдипломски студии. Од 1990 до 1992 г. работи во Германија. Во 1992 г. на Мед.
ф. во Скопје положил специјалистички испит по општа хирургија. Од 1993 до 1999 г работи на кардиоваскуларни клиники во повеќе градови во Германија и една година во швајцарија. Од 1999 до 2001 е директор на Кардиохируршкиот оддел при ЦВЗУ во Скопје. Од 2002 г. е директор на Спец. болница за кардиохирургија „Филип Втори“ во Скопје. Во 2002 е избран за академик на Академијата „Пла-тон“. Публикувал и презентирал над 150 стручни трудови. Сл. М. П.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *