МИТРОВСКИ, Јордан

МИТРОВСКИ, Јордан (Данчо)
(Куманово, 7. И 1924) – драмски актер, оперски певец, бас и оперски режисер. Во МНТ работи од 1947 до 1963 и од 1965 до 1981 г.. Во почетокот е носител на помали драмски улоги, а од 1950 оперски солист со позначајни остварувања: Сарастро (Волшебната флејта), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Крушина, (Продадена невеста), Чанг (Земја на насмевките), Сулејман (Никола шубиќ-Зрински), како и улогата на Гоце во изведбата на истоимената прва македонска опера (1954). Како режисер, по двегодишното усовршување и работа во Загрепската опера (1963–1965), на оперската сцена на МНТ реализирал повеќе од 15 премиери и обнови на оперите: Илинден, Кармен, Кавалерија рустикана, Кузман Капидан, Кнез Игор, Фауст, Така прават сите, Малиот принц, Цар Самуил. Ф. М.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *