МИТРОПАН, Петар

МИТРОПАН, Петар (Орел, Русија, 14. Ⅷ 1893 – Белград, 1988)
– преведувач и универзитетски професор. Дипломирал на Катедрата за славистика на Филозофскиот факултет во Москва. Бил професор во Учителската школа во Скопје, уредник на скопското списание за наука и книжевност
„Јужни преглед“ и лектор по руски јазик и литература на Филозофскиот факултет во Скопје (1931–1941). Високо ја вреднувал појавата на основоположниците на македонската драмска литература. По Втората светска војна бил член на Здружението на преведувачите, член на Пен-клубот и соработник на Издавачкото претпријатие „Рад“. Превел од руски на српски јазик повеќе дела од Л. Леонов, А. Толстој, Чехов, Достоевски и од други руски писатели.
БИБЛ.: Историја српске штампе у Старој Србији и Македонији, Скопље, 1932; Руски писци. Скице из живота и делатности, Скопље, 1934; Пушкин код Срба, Скопље, 1937; Методика наставе руског
језика, Београд, 1963 и др.
ЛИТ.: Миодраг Друговац, Историја на македонската книжевност, ⅩⅩ век, Скопје, 1990. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *