МИТРОФАН

МИТРОФАН – охридски архиепископ (1614). Спомнат е во грамотата на цариградскиот патријарх Тимотеј Ⅱ (јули 1614) за имотите во ставроникитскиот манастир во Серската епархија. Откако бил разрешен, веројатно живеел во Цариград, каде што учествувал на соборот за разрешувањето на патријархот Кирил Лукарис (12. Ⅳ 1623).
ЛИТ.: Иван Снегаров, Историџ на Охридската архиепископиџ, т. 2. От падането $ под турците до нејното униќожение (1394-1767), Софиџ, 1931; Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, кн. 8, Скопје, 2002, 71–72. С. Мл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *