МИТХАД-ПАША, Ахмед Митхад

МИТХАД-ПАША, Ахмед Митхад
(Ловеч, Бугарија, 18. Х 1822 & Хеџир, Јемен, 8. Ⅴ 1884) & османлиски реформатор, државник и конституционалист, идеолог на Младотурското движење. Неколку години престојувал во Западна Европа и се запознал со парламентарното уредување и со локалната самоуправа. По стекнувањето на државното звање паша станал управник на Скопје и Призрен (1860), три години го спроведувал танзиматскиот систем во Ниш (1861& 1864), потоа бил валија на Дунавската област во Русе (1867&1871) и на Солунскиот вилает (1872), а двапати и велик везир на Османлиското Царство (31. Ⅶ 1872 & 19. Х 1872 и 20. ⅩⅠⅠ 1876 & 5. Ⅱ 1877), кога го вовел и првиот Устав, но по превратот е уапсен и умира (убиен?) на заточение во Јемен. Во текот на Втората унија во Македонија кратко време бил валија во Солун (3. Ⅺ 1873 & 11. Ⅱ 1874) и се залагал за рамноправност на народностите, убедувајќи ги македонските дејци
„дека тие не се Бугари, туку Македонци; дека тие се народ посебен од бугарскиот, како што се до-кажувало и од нивниот јазик (наречје), којшто не е како бугарскиот, дека добро ќе сторат ако се одделат од Бугарите во Дунавската и Одринската област (Мизија и Тракија) и дека, на таков начин, тие ќе си имаат и своја самостојна црква, обновувајќи им се Охридската архиепископија, и уште некои други такви работи“, па со тоа се залагал и „за обособување на една нова етничка област“ (П. Карапетров).
ЛИТ.: П. П. КарапетровÍ, Сбирка отÍ статии, Ср‹децÍ, 1898, 91; Ст. ЧилингировÍ, МитхадÍ паша и земед‹лскит‹класи, София, 1942; „ Кирил Патриарх БÍлгарски, Екзарх Антим (1816&1888), София, 1956, 550; Јосепх вон Хаммер, Хисторија турског (османског) царства, 3, Загреб, 1979. Бл. Р.&Св. ш.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *