МИХАИЛ, архиепископ

МИХАИЛ, архиепископ (Методи Гогов) (Ново Село, Штип, 20. Ⅴ 1912 – Скопје, 6. Ⅶ 1999). Завршил Богословија во Битола, Богословски факултет во Бел-град и Филозофски (археологија и историја на уметноста) во Скопје. Бил вероучител и свештеник во Штип и во Скопје и меѓу првите мисионери во Австралија. По враќањето бил професор и ректор во Богословијата во Скопје и професор, продекан и декан на Богословскиот факултет; митрополит Повардарски. Превел дел од Библијата на македонски јазик, полиглот и автор на повеќе учебни помагала на Факултетот. За поглавар на Македонската православна црква бил избран на 4. ⅩⅠⅠ 1993 г., запаметен по беседите како даровит црковен оратор и мудрец. Неговото присуство во електронските и печатените медиуми направи МПЦ да излезе од изолацијата што $ ја наметна власта во поранешниот период. Беше архипастир со евангелско смирение, со апостолска доследност и со Светиклиментов самопрегор.
ЛИТ.: Ратомир Грозданоски, Михаил Архиепископ Охридски и Македонски, Скопје, 1994. Рат. Гр.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *