МИХАЈЛОВСКИ, Драги

МИХАЈЛОВСКИ, Драги (Битола, 16. Ⅹ 1951) – раскажувач, романсиер, есеист, литературен научник, преведувач. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Доктор по филолошки науки. Професор на Филолошкиот факултет во Скопје, на Катедрата за англиски јазик и книжевност, професор по предметот теорија и практика на преведувањето. Член на Македонскиот ПЕН центар и на ДПМ (1992).
БИБЛ.: „Речно улиште“ (раскази, 1981), „Ѓон“ (раскази, 1990), „Нераспнати богови“ (есеи, 1991), „Скок со стап“ (раскази, 1994), „Триполската капија“ (раскази, 1999), „Под Вавилон – задачата на преведувачот“ (докторат, 2000), „Смртта на ди
јакот“ (роман, 2002). Р.

Јовица
Михајловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *