МИХАЈЛОВСКИ, Михо

МИХАЈЛОВСКИ, Михо (Кичево, 1915 – Скопје, 2003) – електромеханичар, народен херој од НОБ. До Априлската војна работел на Земунскиот аеродром, а потоа се вратил во родниот град и се вклучил во подготовките за оружено востание. Бил борец на Првата македонско-косовска НОУБ. Како предводник на група доброволци, извршил напад на касарната во Кичево (8. Ⅳ 1943). Како заменик-командант на баталјон, учествувал во Февруарскиот поход (1944), во Пролетната офанзива и во конечното ослободување на Кичево, при што бил тешко ранет. Прогласен е за народен херој на Југославија (1. Ⅷ 1952). По Ослободувањето извршувал значајни должности во ЈНА и во СВР.
ЛИТ.: Михо Михајловски. Бригада на братството и единството, Скопје, 1958, 463-464; Васил Куноски, Михајловски Коста Михо (1915). Народни херои од Македонија, Скопје, 1973, 246-251; Хронологија на настани од народноослободителната
војна 1941-1945 година во Кичево и Кичевско, второ дополнето издание, Кичево, 1984. С. Мл.

Стојмен Михајловски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *