МИХАЈЛОВ, Делчо

МИХАЈЛОВ, Делчо (Скопје, 27. Ⅺ 1947) – карикатурист, режисер на анимиран филм, аниматор, илустратор. Дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје (1974). Работи во Студиото за анимиран филм на „Вардар филм“ (1975-1984), каде што го создава и својот прв анимиран филм „Хомо Екраникус“ (1977).

Како самостоен автор има реализирано шест анимирани филма. Назначен за директор на Интернационалниот фестивал на филмската камера (1996-2000). В. Масл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *